На социјалната мрежа Твитер се појави едно видео на кое девојка открива како правилно се користи ќеса за мраз.
На снимката која го обиколи интернетот е прикажана едноставна метода со помош на која можете да заштедите време, а воедно да добиете совршени коцки мраз и да избегнете валкање на кујната.
Сè што е потребно е да ја извадите ќесата од замрзнувачот и наместо да ја истиснувате секоја коцка посебно, започнете да ја растегнувате ќесата – вертикално и хоризонтално.
Со самото тоа ќесата ќе добие вреќаст облик, а коцките ќе паднат на дното и веднаш ќе бидат спремни за употреба.
Видеото го погледнале повеќе од 5,5 милиони луѓе, а под него следел огромен број коментари во кои корисниците на Твитер се сложиле дека жалат што не го дознале овој трик порано.
“Цел живот го правам ова на погрешен начин”, “Морам веднаш да го испробам!”, “Ви благодарам!”, се само дел од коментарите кои се најдоа под видеото.