Цел живот „се борела“ со килограмите, кога ја сменила оваа навика успеала да ослабне 17 килограми

Рецептот за витка линија навистина е едноставен. Мелоди Велс со години била убедена дека не може да ослабне, а со текот на времето тој ментален пристап довел до тоа да се дебелее многу повеќе.
„Кога во 2014 година се качив на вага бев шокирана од бројот кој го видов. Имав точно 94 килограми. Тогаш ми стана јасно дека доколку не направам нешто, ќе завршам со дијабетес. Тој момент беше пресвртот“.
Еве што променила таа:
Таа вели дека никогаш не била љубител на одењето во теретана, но дека сега знае дека тоа било поради тоа што не нашла програма која што ѝ одговара.


„Многу ме заморуваа кардио тренинзите, а мислев дека тоа е единствениот начин до витката линија. Меѓутоа, потоа открив вежби за сила и вежби со тегови. Овој вид тренинг многу ми годи, па не ми е тешко и по неколку пати во неделата да одам во теретана“.
Уште една заблуда која што ја имав е дека без личен тренер нема да можам да постигнам резултати, но тоа не е вистина. Само доколку имате добра волја сето тоа е возможно“.
Што се однесува до исхраната, Мелоди променила само една работа.
„Ја исфрлив вечерата и резултатите веднаш беа видливи. Доколку бев многу гладна, во тој случај ќе испиев шолја јогурт или пак ќе јадев двопек.


Исто така таа од исхраната ги исфрлила слатките работи, грицките и газираните сокови.
Денеска Мелоди има 17 килограми помалку и на сите им порачува дека доколку имате желба може да ги намалите вашите килограми.
„Секогаш мислев дека е потребна драстична диета за тоа, а денеска знам дека клучот е избалансираната исхрана“, вели таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.