Цел Париз ја гледаше Брижит Макрон: првата дама во никогаш досега виден фустан – чанта скапа како ѓавол

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит синоќа одржаа свечен прием во Елисејската палата во Париз по повод пристигнувањето на индонезискиот претседател Прабово Субианто, каде првата дама ги воодушеви сите со своите модни изданија.

Брижит Макрон повторно се појави овој пат во елегантно издание карактеристично за свечени државни настани. Носеше долга вечерна тоалета, но овој пат изборот беше малку поинаков од моделите што претходно ги одбра за приеми во Елисејската палата.

Фустанот имаше полабав крој и детали од тил што му даваа помодерен изглед.

Кога патува во странство или присуствува на официјални настани , првата дама на Франција обично избира софистицирани костуми, комбинации од блејзери и пократки здолништа, како и фустани во А-крој кои често ги комбинира со елегантни палта.

Вечервашниот фустан беше долг речиси до подот, додека високите потпетици го правеа фустанот да изгледа полесен и дополнително ја истакнуваа нејзината фигура на црвениот тепих пред палатата. Токму чевлите со високи потпетици се еден од заштитните знаци на нејзиниот стил, исто како и уредната пунџа што често ја носи. Покрај тоа, Брижит Макрон е позната и по својата фризура за паж.

Исто така е познато дека таа со години го фаворизира луксузниот бренд „Луј Витон“, па затоа и во оваа пригода носеше чанта од нивната колекција „GQ-14“.

Оваа модна куќа му припаѓа на францускиот милијардер Бернар Арно, еден од најбогатите луѓе во светот и прв човек на компанијата „LVMH“, водечка група во индустријата за луксузни стоки.

Брижит Макрон и Бернар Арно се познаваат многу години . Пред да стане прва дама на Франција, таа работеше како наставничка по литература во елитното училиште „Сен Луј де Гонзаг“ во Париз, каде што им предаваше на двајца од синовите на Арно, Фредерик и Жан.

Тогаш таа воспоставила блиски односи со семејството Арно, поради што повремено се појавуваат заедно на модни настани и модни ревии во Париз.
The post Цел Париз ја гледаше Брижит Макрон: првата дама во никогаш досега виден фустан – чанта скапа како ѓавол appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: