Цената на горивата од полноќ без значајни промени

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти својата одлука во врска со цените на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Имено цените на горивата остануваат исти, освен цената на ЕУРОСУПЕР-95 која ќе се намали за 0.5 денари, па еден литар 95-октански бензин од полноќ ќе чини 67,5 денари за литар.
Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата останаа исти. Еден литар 98-октански бензин чини 70.00 денари, додека еден литар дизел чини 62.00 денари.
За еден денар е намалено екстра лесното масло, кое сега се продава 50,5 денари по литар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.