Цената на златото порасна за 0,4 отсто на 3.000,20 долари за унца, пишува Блумберг.
Од почетокот на годината цената на златото порасна за повеќе од 14 отсто.
Со векови, златото се сметаше за безбедно засолниште за капиталот во турбулентни времиња и во исто време мерка за страв на пазарите.
Во последните 25 години цената на златото се зголеми за десет пати, што е побрза стапка на раст од американскиот индекс S&P 500, кој во истиот период се зголеми за четири пати.
Скокот на цената на златото обично се поврзува со економски и политички пресврти.
Цената на златото прво ја премина границата од 1.000 долари за унца за време на Големата финансиска криза во 2008 година, а се искачи над 2.000 долари за време на пандемијата на коронавирус.
Цените паднаа на 1.600 долари по пандемијата, но повторно почнаа да растат во 2023 година, поттикнати од големите набавки од централните банки.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.