Цените на златото потонаа во средата, а доларот зајакна откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД. Инвеститорите велат дека неговата политика може да го поттикне економскиот раст.
Попладневната цена на златото беше пониска за цели 1,6 отсто во однос на вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 2.700 долари за унца.
Индексот на доларот попладне повторно беше во плус 1,9 отсто и изнесуваше 105,42 поени.
Трамп обезбеди втор мандат во Белата куќа со 277 електорски гласови, покажуваат вечерашните податоци, додека демократската кандидатка Камала Харис освои 224.
Доларот нагло порасна во однос на кошницата од шест други главни светски валути, бидејќи инвеститорите изјавија дека даночната, трговската и имиграциската политика на Трамп може да го поттикне економскиот раст.
Бенефит имаа и акциите на американските компании со пазарна вредност до две милијарди долари, бидејќи се проценува дека новостариот станар на Белата куќа ќе ги намали даноците и ќе ги поддржи домашните компании.
Државните трошоци би можеле да се зголемат, што би значело дека каматните стапки би можеле да бидат зголемени долго време, шпекулираат инвеститорите. Фокусирани се и на седницата на американската централна банка и на одлуката за каматните стапки, со проценки дека тие би можеле да бидат намалени за четвртина процентен поен. Тие особено внимателно ќе ги следат упатствата на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, за да ја проценат брзината на промените на каматните стапки до крајот на годината.