ШТО СЕ СЛУЧУВА? Цената на златото на рекордно високо ниво!


Цените на златото се искачија на ново рекордно високо ниво под влијание на знаците за слабеење на американската економија и сигналите на претседателот на американската централна банка дека може да ги намалат каматните стапки во наредните месеци.

Цената на унца злато на физичкиот пазар во Лондон порасна во утринската трговија за 0,3 отсто во однос на вчерашното затворање и изнесува 2.155,42 долари. Накратко го допре највисокото ниво од почетокот на тргувањето со златото, од 2.161,09 долари.

На американскиот пазар на фјучерси, унцата денеска се тргуваше по 0,2 отсто повисока цена, по 2.163,10 долари.

Цените беа поттикнати од изјавата на претседателот на американската ФЕД Џером Пауел вчера дека „најверојатно“ ќе ги намали каматните стапки во наредните месеци „ако економијата генерално се развива како што се очекуваше“, а новите показатели го потврдуваат слабеењето на инфлацијата.

Во период на пад на каматните стапки, инвеститорите се свртуваат кон златото, на што не влијаат промените во трошоците за задолжување.

Една унца сребро, пак, поевтини на физичкиот пазар за 0,4 отсто, на 24,08 долари. Поевтини и платината, за 0,3 отсто, на 904,83 долари. Најмногу падна цената на паладиумот, за 1,5 отсто, на 1.026,8 долари, откако вчера скокна за повеќе од 12 отсто.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: