Цената на нафтата порасна во четвртокот на светските берзи со оглед дека новата напнатост поради иранската нуклеарна програма ја заживеа загриженост за снабдувањето и ги потисна во втор план разочарувачките резултати за економски раст на Германија и Франција.Цената на барел сирова нафта на лондонската берза порасна за 25 центи на 118,13 долари, а на американската берза се тргуваше по 27 центи повисока цена, од 97,28 долари.Во текот на претпладнето нафтените пазари беа под притисок од податоците за пад на активностите во двете најголеми европски економии во последниот квартал, што го пригуши неодамнешниот оптимизам за изгледите на регионот.Набргу нафтените берзи ја променија насоката откако Обединетите нации известија за нов застој во преговорите со Иран околу контроверзанта нуклеарна програма. Напнатоста поради Блискиот исток, регион кој предничи во светот по производство на нафта, ја зголемија загриженоста за снабдувањето.„Веста дека Меѓународната агенција за атомска енергија IAEA и Иран не успеале да постигнат договор поттикна раст на цената, по падот на почетокот на денешното тргување поттикнато до разочарувачките податоци за БДП-то во еврозоната“, вели Оливер Јакоб од Petromatrix.Германската економија се намалила во последните три месеци од годината за 0,6 отсто, извести германскиот завод за статистика, ова е најлош квартален резултат на Германија од 2009 година, кога беше актуелна светската финансиска криза. Француската економија падна за 0,3 отсто.„Расправата околу Иран ја одржува цената на нафтата на високо ниво, а дополнителен поттик даваат и изгледите за раст на Кина и САД. Но, падот на економските активности во Европа ќе ја намали побарувачката за нафта“, предупреди Торбјорн Бак Јенсен од Global Risk Management.
МакфаксЦената на нафтата порасна во четвртокот на светските берзи со оглед дека новата напнатост поради иранската нукле