Цената на нафтата се спушти во петокот на светските берзи, притисната од загриженоста за глобалната економија, со оглед дека изостанокот на политички договор во САД ги зголеми шансите за опсежно намалување на буџетската потрошувачка.На лондонската берза цената на барел сирова нафта падна за 1,32 долари, спуштајќи се на најниско ниво од 17 јануари, на 110,06 долари, а на американската берза се тргуваше по 95 центи пониска цена, од 91,1 долари.Најголемата светска економија се движи со крупни чекори кон автоматско намалување на јавната потрошувачка за 85 милијарди долари кое би можело да биде активирано уште денеска со оглед дека Белата куќа и републиканците не успеаа да постигнат договор за алтернативен план за намалување на дефицитот.Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека резовите во јавната потрошувачка би можеле да доведат до намалување на американското БДП во оваа година за најмалку половина процент и да ја забават глобалната економија„Голема е поларизација во американската политика во овој момент, така да не сум преголем оптимист дека би можело да дојде до брзо решение“, рече Филип Петерсон од шведски SEB.Нафтените берзи ги загрижи и падот на кинеската домашна и надворешна побарувачка,а разочара и индексот на менаџери за набавка (PMI) за индустрискиот сектор.
МакфаксЦената на нафтата се спушти во петокот на светските берзи, притисната од загриженоста за глобалната економија, с