Цената на нафтата падна на 99 долари поради слабите изгледи за побарувачка

Цените на барел сурова нафта се спушти во средата на лондонската берза кон 99 долари под притисок од изгледите за забавување на побарувачката во најголемите светски потрошувачи САД и Кина.

На лондонската берза цената на барел сурова нафта денеска се спушти 75 центи, на 99,16 долари, откако во вторникот во еден миг се спушти на само 98 долари. На американската берза со барелот се тргуваше по 72 центи пониска цена, од 88 долари.На крајот на минатата недела американските податоци покажаа пад на прометот во американската малопрожба во март, на што на почетокот на неделата се надоврза неочекувано слабиот податок за економски раст на Кина во првото тромесечје.Новите тмурни економски вести стигнаа вчера од ММФ, кој ја снижи прогнозата за раст на светската економија за годинава, што подразбира ограничен потенцијален раст на побарувачката за нафта.На страната на снабдувањето се издвојуваат обемните залихи на сурова нафта во САД, кои во изминатите недели надојдоа на највисоко ниво за повеќе од 20 години.„Цените на нафтата моментно бележат технички пад со оглед дека меѓу темелните фактори доминира влошена прогноза за побарувачката во услови на силна понуда“, толкува Доминик Чиричела од Energu Menagement Institute.Иако не може да се исклучи можноста од натамошен пад на цената на лондонската берза, малку е веројатно дека и по второто тромесечје цената ќе плаќа под 100 долари за барел, проценуваат аналитичарите на Barclays.Чиричела, пак, предупредува дека „засега нема видливи причини-доколку се изземе благото покривање на трговските позиции-кои би упатувале на заклучок дека цените на нафтата се подготвени на значителен скок“.Инвеститорите денеска будно ги следат и извештаите на американските власти за состојбата на залихите, кои ќе бидат објавени доцна попладне.
Макфакс
Цените на барел сурова нафта се спушти во средата на лондонската берза кон 99 долари под прити

Пронајдете не на следниве мрежи: