Цената на барел нафта се стабилизираше во понеделникот под нивото од 100 долари, притисната од загриженоста за светската економија, а со тоа и за побарувачката за горива.На лондонската берза цената на барел сирова нафта денеска остана непроменета и се продаваше по цена од 99,61 долар, а значителна промена немаше ниту на американскиот пазар, каде со барел се тргуваше по цена од 88,09 долари.„На лондонската берза цената на барелот во петокот достигна 100 долари па денешното тргување почна со многу мал замав“, рече Оливие Јаков од швајцарски Petromatrix.Од почетокот на април цените на лондонската берза паднаа за речиси 10 отсто поради успорувањето на економскиот раст во САД и Кина, двата најголеми потрошувачи на нафта во светот, како и поради продлабочување на рецесијата во Европа.„Сведоци сме на темелни преиспитувања на потенцијалите за раст на цените на нафтата или на привремено слабеење на довербата? Реални се шансите дека е во прашање она првото“, проценуваат од нафтената брокерска куќа PVM.Според него има полно причини за спуштање на цената на нафтата се додека не падне на ниво кое производителите ќе ги одврати да ја зголемуваат понудата.Загриженоста поради слабиот економски раст ги поттикна челниците на групата Г20 на благо отстапување од долготрајната политика на штедење во богатите држави. Поради тоа на состанокот во Вашингтон не се реализира намерата за утврдување на конкретни цели за намалување на нивото на јавниот долг.
МакфаксЦената на барел нафта се стабилизираше во понеделникот под нивото од 100 долари, притисната од загриженоста за светска