Цената на барел нафта се стабилизираше во четвртокот на светските берзи близу 102 долари, поттикната од слабеењето на доларот, на кој противтежа му беше загриженоста за светскиот економски раст и побарувачката за енергенти.На лондонската берза цената на барел сирова нафта остана речиси непроменета во однос на вчерашното затворање, кога со барел се тргуваше по 101,75 долари. На американската берза цената на барел нафта остана истотака речиси непроменета, на 91,57 долари, откако вчера заврши во плус 2,25 долари.Во изминатите два дена инвеститорите ги загрижија слабите економски податоци од Кина, САД и еврозоната, вклучително и Германија, поттикнувајќи ја загриженоста за побарувачка за нафта. Ова стравување синоќа го ублажи податокот дека јужнокорејската економија во првиот овогодишен квартал забележа најсилен раст во две години.Дејвид Хафтон од брокерската куќа PVM толкува дека загрижувачката слика на светскиот економски раст далеку посилно влијае на цените на нафтата на лондонската берза отколку на оваа во САД. Па така од почетокот на април цените во Лондон паднаа за пет отсто, со дополнителен товар од силното снабдување од Северното море.„На американската берза цените на нафтата ги поттикна оптимистичката слика на американската економија и делумно отстранување на блокадите во домашниот транспорт“, толкува Хафтон.Разликата во цените во Лондон и во САД се спушти под 10 долари прв пат од јуни 2012 година. Досега цените на американскиот пазар беа значително пониски поради огромното натрупување на залихите во клучниот чвор во Кушинг. Во меѓувреме нафтоводите почнаа да испорачуваат поголеми количини нафта од брегот на Мексиканскиот залив, по што е ублажен притисокот од големите залихи од Кушинг.
МакфаксЦената на барел нафта се стабилизираше во четвртокот на светските берзи близу 102 долари, поттикната од слабеењето на