Цената на природниот гас во Европа надмина 50 евра за мегаватчас на отворањето на Лондонската берза утринава во 8 часот по македонско време. Тоа е за 3,68 % повеќе од затворањето на тргувањето на последниот ден од 2024 година.
Февруарските дјучерски на центарот ТТФ во Холнадија, го започнаа денот со 50,68 евра за мегават час, што е еднакво на повеќе од 525 долари за 1.000 кубни метри. За споредба, на 31 декември берзата затвори со 48,88 евра за мегават час или 506 долари за 1.000 кубни метри.
За потсетување дека во новата година повеќе не се дистрибуира гас од Русија преку Украина поради завршување на договорот, па така европските земји повеќе не го добиваат овој енергенс од руски „Газпром“.