Цената на природниот гас во Бугарија расте

Цената се зголеми откако Софија го отфрли барањето на Русија да ги плати залихите во рубли.

Цената на природниот гас во Бугарија се зголеми за 13,7 отсто, објави во петокот државната новинска агенција БТА.

Бугарската Регулаторна комисија за енергетика и вода (EWRC) одреди нова цена од 162,17 BGL, или 82,83 € за мегават час (MWh) во споредба со априлската стапка од 72,83 €, според агенцијата.

EWRC рече дека зголемувањето ќе има минимално влијание врз сметките за домаќинствата, бидејќи грејната сезона заврши. Регулаторот го припиша порастот на цената на замрзнувањето на понудата од Русија.

Рускиот енергетски гигант Газпром го прекина извозот на гас за Бугарија и Полска на крајот на април, откако тие одбија да плаќаат во рубљи.

Во март, рускиот претседател Владимир Путин побара од државите кои воведоа санкции кон Русија и сè уште го увезуваат нејзиниот гас, да ја користат руската валута за трансакции. Неколку земји од ЕУ го прифатија барањето на Москва.

Булгаргаз, најголемата бугарска компанија за дистрибуција на природен гас, рече дека Азербејџан ќе го обезбеди целокупното снабдување на земјата од ова лето, иако по повисока цена. Подоцна, Бугарија планира да се поврзе со сè уште недовршениот терминал за течен природен гас (LNG) во Грција, каде гасот ќе се увезува со брод, најверојатно од САД.

Претходно овој месец, Бугарската федерација на потрошувачи на индустриска енергија (BFIEC) рече дека работниците во индустријата се подготвуваат да протестираат поради зголемените цени на бензинот. Бугарските бизниси ја повикаа владата да преземе чекори „за да овозможи обновување на разговорите со Гаспром“ откако руската компанија го прекина снабдувањето со гас во земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.