Цена инбокс, таксисти кои раскажуваат цела биографија – Ситуации кои на сите ни одат на нерви

Има ли некои ситуации со кои секојдневно се соочувате во маркет/бутик/ресторан, а ви одат на нерви?
Веројатно не сте единствени кои немаат толеранција кон некои одредени ситуации во локалите од сферата на услужните дејности.
Постојат неколку универзални ситуации кои на сите им одат на нерви кога ќе ги искусат во продавница, маркет, кафуле, ресторан, такси или бутик.
Во колку од нив ќе се пронајдете?


1. Кога шетате околу излог или врата од надвор и одеднаш ќе слушнете: „Ви треба ли нешто?/Повелете влезете“.
2. Кога продавачите ве гледаат со предрасуди и вртат кругови околу вас како да очекуваат да направите нешто што не треба во секој момент.


3. Кога уште не сте ја соблекле ни вашата облека во гардероба, а продавачот/продавачката веќе ве прашува дали ви е добро парчето што сте го земале за пробување.
4. И завесите од гардеробите, кои никогаш не одат до крај и останува простор од кој може да ве ѕиркаат.


5. Кога ќе побарате од продавачот да ви каже повеќе за производот, а наместо да ви објасни, ќе ви го прочита описот од етикетите. Благодариме, како да не можевме сами!
6. Кога ви нудат уште 10 други производи кога сте на каса – производи на акција во маркет или производи за чистење чевли ако купувате чевли и слично.
7. Кога сакате да влезете во ресторан и да завршите набрзина со некој бизнис ручек, но на влез ви поставуваат прашања како да одите на состанок со кралицата Елизабета – „Имате ли резервација?/Ве очекува ли некој?/Колку луѓе ќе бидете?“

8. Кога ќе се свртите на 3 секунди, а келнерот веќе ви ја собрал чинијата во која сте си оставиле уште едно последно залче за крај.


9. Кога сакате да викнете сметка или кога го чекате кусурот и келнерот магично ќе исчезне, па треба да се вртите на сите страни да го најдете. А, кога треба да ви собере недопиен пијалак, секогаш е тука!


10. Кога сакате да си разговарате во опуштена атмосфера со пријателите во ресторан, но не може да се слушнете бидејќи на газдата му се допаднала песната, па ја пуштиле на најгласно.


11. Кога такси возачот ја пронашол во вас својата сродна душа, па ќе одлучи да ви ја раскаже цела биографија до најмал детаљ.


12. Или кога одите во козметички салон да се релаксирате, а козметичарките или фризерките имаат да ви раскажат трач за сите клиенти и нивните поколенија, а секогаш се први и за да ве испрашаат за вашиот живот.


13. И за крај, победникот – „CENA INBOX“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.