Во средата на Волстрит цените на акциите скокна апо најголемата дневна стапка од почетокот на јануари, благодарејќи на добрите макроекономски податоци и претседателот на американската централна банка Federal Reserve (Fed), Ben Bernanke, кој пред Конгресот продолжи да ја брани многу попустливата монетарна политика на централната банка.
Така, во средата индексот Dow Jones зајакна за 1,27 отсто, на 14.076 поени, индексот S&P 500 порасна за 1,27 отсто, на 1.516 поени, додека индексот Nasdaq зајакна за 1.04.отто, на 3.162 индексни поени.
Со растот последните два дена, цените на акциите ги надоместија сите загуби од понеделникот, кога пат позицијата произлезена од италијанските парламентарни избори ги вознемири инвеститорите.
Во средата индексот Dow Jones го достигна новото највисоко ниво од 2007 година, благодарејќи најмногу на претседателот на Fed, Бернанке ко на другиот ден од сведочењето пред американскиот Конгрес ја бранеше програмата на тамошната централна банка за купување на државните и хипотекарните обврзници, тврдејќи дека со тоа се одржуваат ниските каматни стапки и се поттикнува раст на стопанството.
Притоа Бернанке ги отфрли забелешките за поделеноста меѓу челниците на американската централна банка по прашањето на квалитативното попуштање на монетарната политика, велејќи дека неконвенционалната програма ја има поддршката на значителното мнозинство функционери на централната банка.
Тоа ги отстрани стравувањата на инвеститорите дека таа програма за купување обврзници која веќе со години го поддржува растот на цените на акциите, може да биде намалена или дури укината поради спротиставувањето од страна на неколку челници на Fed.
Позитивно на пазарите влијаеја и сигналите за јакнење на американската економија. Продажбата на постојните куќи, пораснала во јануари за 4,5 отсто, трикратно повеќе отколку што се очекуваше, додека порачките за трајни производи, исклучувајќи ги авионите, скокнала по најголемата стапка од крајот на 2011 година, што укажува на раст на потрошувачка во деловниот сектор.
Макфакс
Во средата на Волстрит цените на акциите скокна апо најголемата дневна стапка од почетокот на јануари, благодарејќи на