Дизелот поскапе на 104,5 денари за литар, велат од СДСМ, тоа како што оценуваат е нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.
Од партијата додаваат дека навреме имаат предложено конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните.
„Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра.
Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните.
Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи.
Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните.
Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците.
Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата.
Тоа е арамиска власт“.
Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата, додаваат од СДСМ, профитира од секое ново поскапување.
Ова, според нив, е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните.
The post Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките, народот плаќа, велат од СДСМ appeared first on Во Центар.



