недела, 15 ноември 2026
Најново

Цените на нафтата паѓаат под 78 долари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цените на нафтата денеска паднаа под 78 долари на меѓународните пазари, што ја одразува загриженоста на трговците поради знаците за забавување на кинеската индустрија, но и олеснување по смирувањето на тензиите во односите меѓу САД и Колумбија кои се заканија со прекини во снабдувањето.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,09 долари во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 77,41 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,19 долари, по 73,47 долари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На почетокот на неделата, трговците се фокусираа на заканите од САД за санкции против Колумбија и знаците за забавување на индустриската активност во Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Колумбија со санкции откако Богота рече дека нема да прифати имигранти кои САД се подготвуваат да ги депортираат со авион. Колумбија конечно се согласи со американското барање и САД ја повлекоа својата закана, објави во неделата Белата куќа.

Минатата година САД беа дестинација за околу 41 отсто од колумбискиот извоз на нафта транспортиран со танкери, покажуваат податоците на аналитичката компанија Кплер.

„Постои општо негативно расположение на пазарот. Санкциите не се воведени, но (заканата) создаде нервоза дека Трамп ќе им се закани на сите да го добијат тоа што го сака“, рече Бјарн Шилдроп од СЕБ.

Поврзани вести