Цените на нафтата стабилизирани на 107 долари, се чека расплетот на Кипар

Цената на нафтата се стабилизираше во петокот на меѓународните берзи на ниво над 107 долари за барел, притиснати од загриженоста поради изостанување на договор за решавање на кипарската финансиска криза.

На лондонската берза цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на вчерашното затворање, на 107,44 долари, а на американската берза се тргуваше по 19 центи повисока цена, од 92,64 долари.Русија го отфрли кипарскиот повик да го реструктуирање кредитот од 2011 година па Никозија е присилена да бара помош во преговори со Европската унија. Алтернатива е финансиски колапс кој би можел да одекне во целата еврозона и на крајот да ја притисне побарувачката за нафта.Некои аналитичари предупредуваат дека реакцијата на кипарската криза е претерана, напоменувајќи дека причините за овонеделниот пад на цената на нафтата веројатно треба да се бара во темелните фактори.Па така на крајот на неделата цената на нафтата на лондонската берза ги притисна проценките за посилен раст на производството, од тоа што до неодамна се очекуваше.„Зголемено снабдување од Северното море, обновата на извозот од јужен Судан и повлекувањето на финансиските инвеститори, се причините за денешната стагнација на цената на нафтата“, вели Карстен Фрич од Commerzbank.Поголем проблем за прогнозите за побарувачката предизвика и слабеење на оптимизмот во врска со економското закрепнување во еврозоната. Така индексот на деловна клима во Германија што го изработува институтот Ifo ослабна во март на 106,7 поени, од 107,4 поени колку што изнесуваше во февруари. Претходно четири месеци бележеше раст.
Макфакс
Цената на нафтата се стабилизираше во петокот на меѓународните берзи на ниво над 107 долари за

Пронајдете не на следниве мрежи: