Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (КРРЕ) ја донесе одлуката, со која малопродажните цени на нафтените производи се зголемуваат во просек за 1,47% во споредба со одлуката од 29.6.2026 година, пишува Телеграф Македонија.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) се зголемува за 2,50 ден/литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 SU се намалува за 0,265 ден/кг.
Од 7.7.2026 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 85,50 (денари/литар)
ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 82,50 денари/литар
Мазутот – ЕКСТРА ЛАЈТ 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 81,50 (денари/литар)
Мазут М-1 СУ ќе се продава за 41.230 (денари/килограм).
The post Цените на нафтените производи значително се зголемија во Македонија appeared first on Во Центар.



