Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 3.4 отсто, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).
Цените на угостителските услуги 2025 година, во однос на 2024 година, се зголемени за 4.8 отсто.
Гледано по групи, цените во угостителството во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, се зголемени за 0.3 % кај храна и 0.2 % кај алкохолни пијалаци.
Како што пишува ДЗС, кај безалкохолните пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.



