ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ЌЕ ГИ „ПРЕВОСПИТУВА“ И ДЕЦАТА И РОДИТЕЛИТЕ – ова е епилогот, малолетните силувачи нема да одговараат

Детето за кое беше објавено дека е силувано од двајца малолетници, кои грозоморниот чин го снимале со мобилен телефон, а потоа видео-снимката ја праќале на своите познаници, има 8 години.

Додека пак, двајцата осомничени малолетници се на возраст од 10 и 13 години.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека малолентиците, откако мајката на оштетеното дете пријавила, биле на информативен разговор во полициската станица, во присуство на нивните родители.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за ТВ Телма вели дека случајот е документиран, поднесена е соодветна пријава, а целиот случај сега е во надлежност на ОЈО Скопје и Центарот за социјални работи.
Од Обвинителството, пак, соопштија дека се известени за настанот, но бидејќи станува збор за деца помлади од 14 против нив не може да биде поведена постапка за кривична одговорност и за случајот ќе постапува Центарот за социјални работи.

Реагирал и Центарот за социјални работи чии вработени разговарале со децата и ќе работи и со нив и со нивните родители.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.