Во 2022 година во Косово беше забележано високо ниво на инфлација поради глобалната криза предизвикана од војната во Украина по пандемијата. Но, во 2023 година се очекува да има намалување на цените за шест проценти, изјави гувернерот на Централната банка на Косово, Фехми Мехмети.
Додека според претседателот на Стопанската комора на Косово, Љуљзим Рафуна, годинава ќе има мало намалување на цените и забавување на инфлацијата, „бидејќи познато е дека високото ниво на инфлација го достигна (својот) врв“.
Претседателот на Косовската деловна алијанса, Агим Шахини наведе дека цените ќе останат под притисок од инфлацијата и недостигот на работна сила.
Косовската агенција за статистика извести дека инфлацијата во ноември на годишна основа изнесува 11,6 проценти.