Семејството Ражнатовиќ отиде на слава кај родителите на идната снаа Богдана Родиќ.
Идниот младоженец Вељко на славата кај дедтото дошол со мајка му Светлана Цеца Ражнатовиќ, сестрата Анастасија како и тетката Лидија.
Фотографиите од оваа слава набрзо се раширија на друштвените мрежи, а освен честитки можеа да се прочитаат и пофалби на сметка на фолк дивата затоа што се појавила во целосно примерно, скромно издание на славата наместо да дојде како голема ѕвезда.
„Среќна слава на сите кои слават, да ја прослават пред се како вистински Срби, во мир и благосостојба“, напишал Вељко.