ЦЕЦА И АНАСТАСИЈА ГО ОТКРИЈА НИВНОТО ИСКУСТВО СО „ХОРОР САЛОНОТ“: Еве што велат за приказните дека ги „рекламирале“!

Деновиве многу се зборува за „хорор салонот“.
Музичката sвезда Цеца Ражнатовиќ се огласи по гласините дека таа и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ „рекламирале“ салон за убавина во Белград за кој многу жени, вклучително и јавни личности, тврдат дека ги „осакатил“.
Во коментарот, Цеца открила какво искуство имале таа и Анастасија од овој „хорор салон“, како што го нарекуваат на социјалните мрежи.
„Таа едноставно ни направи бразилска мадеротерапија на телото, масажа… Ништо повеќе. Бевме многу задоволни од масажата. Остатокот не го знаеме”, речкла Цеца.
„Не ме злоупотребувајте во оваа трагедија за многу жени“, напишала пејачката подоцна во објава на Instagram.
Да потсетиме, Србија беше шокирана од фотографиите на осакатени девојки на социјалните мрежи, меѓу кои е и учесничката во реалното шоу Наида Гаџо, која ја започна целата приказна.
Тие пријавија дека добиле изгореници и рани поради несоодветен третман со „плазма пена“.
Жељана Милановиќ, една од „жртвите“ на козметичкиот третман, во живо изјави дека ќе го тужи лицето кое ѝ направило третман и ги откри страшните последици. Како што рече, салонот го пронашла преку Instagram, каде што го рекламираат познати личности.
Фотографиите од изгорените лица на девојките кои беа во белградскиот салон ги шокираа сите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.