Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ проговори за убавите моменти од нејзиниот живот.
Таа зборуваше и за својата врска со Богдан Срејовиќ и не криеше дека е заљубена и дека навистина ужива. На прашањето дали фактот што нивната љубов се случи за време на Коронавирусот помогнала повеќе да му се посвети на својот партнер, Цеца одговори дека апсолутно не се согласува со тоа.
„Не е важно дали е Корона или не, јас не гледам на тоа така. Двајцата сме посветени еден на друг и уживаме секојдневно. Секој од нас има свои обврски, а кога ќе завршиме со сите состаноци, се дружиме насамо“ – објасни таа.
Пејачката исто така изјави дека е можно еден ден да сними филм за себе.
„Еден ден можеби ќе направам документарец за мојот живот. Но, рано е да се зборува за тоа. Некако имам впечаток дека сè може да се прикаже многу подобро на филм. За тоа има уште време, а важно е и да имате одлични подготовки, за на крајот производот да биде добар“.