Пејачката во шоуто ги гледаше плановите со пријателите што ја советуваат околу новиот имот што планира да го купи.
Најголемата фолк-ѕвезда на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, во новата епизода од нејзиното ријалити „Цеца шоу“ откри дека во блиска иднина планира да купи и да има своја недвижнина, и тоа на Копаоник.
Таа покрај својата огромна куќа во која што живее во Белград и луксузната вила на Кипар каде престојува во текот на летото, сака да има свој имот и на планина каде што ќе може да ужива за време на зимскиот период.
Пејачката во шоуто ги гледаше плановите со пријателите што ја советуваат околу новиот имот што планира да го купи.
Инаку, Цеца додека одмара на планината го снима и шоуто, во него откри и како планира да го прослави својот 50-ти роденден.
Таа призна дека најпрво мислела дека не треба да прави никаква прослава, но потоа откри и дека се предомислила.
„Ми се смеат бидејќи не сакам да го славам мојот 50-ти роденден“, изјави Цеца во шега во нејзиното популарно шоу.
Таа покажа и како работи со својата екипа на новите песни, а како изгледаше во шуто, погледнете во продолжение:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.