Локалните папараци ја уловија Светлана Цеца Ражнатовиќ во нејзнината вила на Кипар.Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ со години одмара во семејната куќа на Кипар, која ја купила благодарение на пријател кој и донел слики од имотот.Куќата има 400 квадратни метри и се наоѓа веднаш до морскиот брег во Аја Напа, а во дворот има огромен базен во кој уживаат членовите на семејството Ражнатовиќ и нивните пријатели. На последниот кат од прекрасната вила има мал базен, две џакузи и соба за масажа. Сега домашните папараци ја уловија како се релаксира на тераса.Цеца уживаше во зајдисонцето, на сосема лежерен начин – со пунџа на главата, во костим за капење, но и со наочари за да може подобро да го користи таблетот. Пејачката не беше сама, друштво и правеше нејзината сестра Лидија.Мештаните имаат само пофални зборови за пејачката:„Најпознатата Србинка во Кипар е Цеца! Таа со години доаѓа на ова место со децата и семејството – и не е чудно кога има убава куќа токму тука. Често купува овошје од мене, а јас играм на некои од нејзините песни во продавницата би сакал да одам на нејзиниот концерт, да ја слушнам во живо Нејзината куќа е атракција за туристите од Србија, тие често доаѓаат да се сликаат пред неа“, вели продавачката.Погледнете ја Цеца:А како изгледа внатрешноста на нејзината палата:
Пронајдете не на следниве мрежи: