Цеца однова блесна како еротска кралица: Длабоко раскопчана провидна бела кошула и она што под неа се наѕира

Откако стана свекрва и баба, малиот Жељко, снаата Богдана или синот Вељко Ражнатовиќ се постојано во фокусот на речиси секоја објава на социјалните мрежи на Светлана Цеца Ражнатовиќ, без разлика дали чува внуче, гледа видеа на телефон, јаде, пие или се спрема да спие.
Иако ваквите објави ги разнежнуваат обожавателите и предизвикуваат голем број позитивни реакции, вистинска возбуда кај близу милион, (најмногу машки) следбеници на Цеца се појави кога таа конечно, по подолго време објави своја провокативна фотографија!


Имено, пејачката позираше во бела, проѕирна кошула, која ја откопча речиси целата, а она што можеше да се види или потчно наѕира под неа, им го крена адреналинот на нејзините следбеници. Суптилна еротика од неприкосновената фолк дива каква оддамна не покажала, доволна за ласкави коментари, распалени мечти и подгреани страсти.
Цеца, одново блесна како вистинска еротска кралица во длабоко раскопчана провидна бела кошула и она што под неа се наѕира!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.