Популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ за време на гостувањето во една новогодишна емисија, откри како би сакала да влезе во новата година.
Земајќи предвид дека сите Нови години досега ги помина работно, настапувајќи во регионот, нејзина најголема желба е 2019-та година да ја пречека сама дома, удобно сместена во својата фотелја, со чаша вино во раката, наздравувајќи си самата себе:
Ајде, на здравје, Светлана“!
Нејзините зборови ги насмеаја присутните гости во студиото, но земајќи предвид дека има договорено новогодишен настап, изгледа дека новогодинната желба нема да и’ се исполни… И годинава!