Цеца откри: Со која вакцина се вакцинираше Анастасија Ражнатовиќ и зошто токму таа ја одбрале

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера во Белградскиот саем прими вакцина против корона вирусот. Славната пејачка за медиумите кои со нетрпение ја очекувааоткри дека ја примила кинеската вакцина, и откри зошто се решила токму за „Синофарм“.
Цеца апелираше до граѓаните да се вакцинираат, за да може да се врати животот во нормала.
– Мислам дека сме единствените во светот кои можат да изберат вакцина, а тоа го знам од моите пријатели кои живеат во странство. Ја имаме таа привилегија, вакцинацијата е бесплатна, одите да примате вакцина, не мора да чекате покана – истакна Цеца и откри дека и нејзината ќерка Анастасија и многу пријатели нивни исто така примиле кинеска вакцина:
– Се одлучив за кинеската вакцина и мојата Анастасија ја прими. Повеќето луѓе околу мене примиле кинеска вакцина. Немаше несакани ефекти, затоа се одлучив за кинеската. Пејачката на крај истакна дека кога сите ќе се вакцинираат таа веднаш ќе закаже концерт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.