Светлана Цеца Ражнатовиќ буквално денеска е една од најтажните пејачки на естрадата, поради смртта на најголемиот текстописец на сите времиња Марина Туцаковиќ.
Пејачката во многу наврати наназад има говорено дека тие две се повеќе од пријателки, а во една прилика на свој концерт на Ушче Цеца ја нарече Туцаковиќ и втора мајка.
-Сакам на една личност да и се заблагодарам. Тоа е жената која го создаде мојот нов идентитет на естрадата. Жената поради чии текстови сум овде каде што сум, пред сите вас. И благодарам најмногу… поради неа траам со години и покрај моите родители таа е моја втора мајка, се вика Марина Туцаковиќ, нагласи Цеца во своето видео кое го објави на Инстаграм.
View this post on Instagram