Цеца цели 20 години не била на ова место во Белград: Помислата на него и ја леди крвта во жилите

Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ цели 20 години не посетила само едно место во Белград, за кое ја врзуваат повеќе болни и тешки сеќавања.
Имено, на 15 јануари 2000 година, пејачката го изгуби сопругот Жељко Ражнатовиќ Аркан, кога тој и двајца пријатели беа убиени во хотелот „Интерконтинетал” во Нов Белград!
Во тој момент Цеца беше во хотелот и го пренесе тешко ранетиот сопруг во болница, а сето ова и остави сериозни последици врз неа.


„Од тој ден, Цеца никогаш повеќе не влезе во тој хотел! Таа едноставно тоа не го може, бидејќи оние ужасни сцени оттогаш се пред нејзините очи! Дури и кога нејзини блиски пријатели правеја некои прослави во хотелот, таа никогаш не се појави, а секој од нив ја сфати без да и се налути“ – вели извор близок до фолк дивата за српските портали.
Истото го потврдила и самата Цеца: „За мене тоа место е гробот на Жељко. Се уште не можам да се помирам со сите стравични нешта што ги доживеав, но со текот на годините морав да научам да живеам со тоа“ – вели пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.