Балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ има ново момче, а тоа добро веќе сите го знаат, она што јавноста долго го очекуваше беше неговото запознавање со децата на Цеца.
Имено осум години помладото ново момче на пејачката веќе се запознал со Анастасија ќерката на Цеца и тоа ни помалку ни повеќе туку во кафеана.
Судејќи по новите фотографии на двете пејачки на социјалните мрежи може да се забележи дека Цеца и Анастасија биле во друштво на Богдан и неговите пријатели во една кафеана во Белград.
Тоа го потврди и Богдан објавувајќи фотографија со двајца пријатели во истата кафеана каде беа Цеца и Анастасија што е повеќе од доволен доказ дека Цеца веќе ја запознала и Анастасија со новото момче.