ЦИА: Москва барала спојување на Вардарска и Егејска Македонија

Документите за поранешна Југославија што ги објави ЦИА покажуваат дека Советскиот Сојуз неколку години по завршувањето на Втората светска војна вложувал големи напори за нерешеното македонско прашање наспроти индиферентниот став што го имале југословенските власти.
ЦИА во своите белешки од 1950 година тврди дека комитет спонзориран од Советскиот Сојуз, наречен Одбор за слободна Македонија, бил формиран со цел да стимулира симултани востанија против владата и водството во Егејска и во југословенска Македонија, во интерес на унифицирање на македонската република, стои во извештајот.
Според ЦИА, македонската република требало да ги добие пристаништата Солун, Кавала и Александропулус. Одборот дури располагал со свои вооружени сили кои биле распоредени во Солунскиот Регион.


Одборот за слободна Македонија бил под политичко водство на амбасадорот на Советскиот Сојуз во Софија и главно бил насочен против Тито и Комунистичката партија.
Треба да се напомене дека овој одбор е формиран во период на затегнати односи меѓу Југославија и Советскиот Сојуз и формирањето на Инфорбирото на чело со Сталин.
Две години пред 1950 година беше објавена Резолуцијата на Информбирото со која Југославија беше ставена во целосна изолација од социјалистичкиот блок и исфрлена од овој блок, а Тито и неговите најблиски соработници прогласени за шпиони на Западот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.