ЦИА помагала во снабдувањето со оружје на сириските бунтовници

Со помош на централната американската разузнавачка агенција CIA, арапските влади и Турција силно ја зголемиле воената помош за вооружените сириски опозициски бунтовници последните месеци, проширувајќи го воздушниот мост за доставување оружје и опрема за бунтот против сирискиот претседател Башар ал-Асад, пишува весникот The New York Times, наведувајќи дека големата набавка на оружје дошла од Хрватска.Според текстот објавен во изданието од понеделникот, регистрирани се повеќе од 160 летови на јордански, саудиски и катарски воени транспортни авиони, според податоците што The New York Times ги обезбедил за воздушниот сообраќај, интервјуа со функционери во неколку земји и изјави на бунтовнички команданти. Транспортните воздухоплови најмногу слетувале на аеродромот во Есенбог, недалеку од турската престолнина Анкара, меѓутоа исто так и на други аеродроми во Турција и во Јордан.„Од канцелариите на тајни локации, американските разузнавачи им помагале на арапските влади при купување на оружје, вклучувајќи ја и големата набавка од Хрватска, и им доверувале на бунтовничките команданти и групите да одредат кој треба да добие оружје“, наведува њујоршкиот дневен весник, кој се повикува на американски функционери кои сакале да останат анонимни. Притоа се додава дека од CIA одбиле да ги коментираат тие пратки, како и својата улога во нив.Хју Грифитс од стокхолмскиот Меѓународен институт за мировни истражувања, кој ги следи недозволените трансфери на оружје во светот, изјавил за The New York Times дека на споменатиот начин биле транспортирани околу 3.500 тони воена опрема.„Интензитетот и зачестеноста на тие летови укажуваат на добро планирана и координирана тајна воена логистичка операција“, тврди Грифитс.Иако бунтовничките команданти и податоците упатуваат на тоа дека Катар и саудиска Арабија ѝ испраќале на сириските опозиција воени материјали преку Турција уште на почетокот па сѐ до крајот на 2012 година, големата пречка за тоа била отстранета кон крајот на минатата есен откако турската влада се согласила да се забрзаат воздушните пратки, ги цитира весникот американските функционери.„Истоврмено оружјето и опремата ги купувала Саудиска Арабија во Хрватска и го префрлувала во Јорда со јордански товарни авиони за бунтовниците во јужна Сирија, како и за префрлување во Турција за бунтовничките групи кои дејствуваат од таа територија“, пишува The New York Times повикувајќи се на изјави на неколку функционери чиј идентитет не го открива.Кон крајот на февруари The New York Times објави текст во кој се повикуваше на американски и западни функционер, дека Саудиска Арабија го финансира купувањето на поголеми количества вооружување за пешадија од Хрватска, со коешто потоа тајно ги снабдува сириските востаници во нивниот двегодишен обид да ја соборат власта на претседателот Башар ал-Асад.Оружјето за сириската вооружена опозиција почнало да пристигнува во декември 2012 година преку Јордан, велат за њујоршкиот весник неименуваните функционери, кои оценуваат дека токму тоа оружје било клучно за малата тактичка предност што бунтовниците ја оствариле зимово во борбата против сириската армија и милициите лојални на владата на Асад.Доставувањето на оружјето за бунтовниците зборува дека неколку влади кои се противници на алавитот Башар ал-Асад, што одамна го тврди официјален Дамаск, решиле да земат поактивна улога во судирите во Сирија кој трае веќе 24 месеци и во кој според податоците на Обединетите нации досега загинале околу 70 илјади луѓе.Весникот The New York Times пишуваше дека оружјето се доставува главно на вооружените групи со национална (верска сунитска) и секуларна ориентација, како и дека добавувачите на оружјето настојуваат да ги заобиколат џихадистичките групи кои се активни во судирите против сириската армија, поради што се загрижени западните сили и регионалните земји кои исто така сакаат да го тргнат од власта режимот на Асад кој ја има руската и иранската помош.Токму поради терористите, Западот со месеци избегнуваше да ги вооружува бунтовниците, стравувајќи дека оружјето може да падне во рацете на терористите. Тактиката се промини, бидејќи Западот сега, пак, стравува од зајакнатата улога на џихадистите во опозицијата, а и поради тоа што востаниците ја добиле довербата од арапските и западните земји, заклучува The New York Times.Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем речиси истовремено во руската престолнина Москва по средбата со рускиот колега Сергеј Лавров, изјави дека во земјата војуваат платеници од 28 земји. „Тоа што се случува во Сирија претставува војна против тероризмот. Еден од ограноците на Ал Каеда ги носи главните борбени операции во Сирија и во Сирија повика милитанти од 28 држави, меѓу кои и од Чеченија”, нагласи сирискиот дипломат.Пишувањето на американскиот дневен весник се надоврза на текстот на еден воен аналитичар кој неколку дена претходно на својот блог напиша дека снимките коишто востаниците ги објавиле на интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube покажале дека тие се вооружени со оружје од типот што во Хрватска беше употребувано во тамошната Татковинска војна при раздружувањето од поранешната СФРЈ, односно бестрзаен топ М60, ракетни фрлачи М79 Оса, ракетни фрлачи РПГ-20 и минофрлачи Милкор МГЛ/РГб-5.Пред неколку седмици Хрватска и Јордан, по првите написи во американските медиуми за овие трансфери на оружје за сириските бунтовници, демантираа дека имаат каква и да е улога во снабдувањето на сириските бунтовници со оружје. Хрватска потоа од безбедносни причини ги повлече своите војници од мисијата на Обединетите нации на Голанската висорамнина во тампон зоната меѓу Израел и Сирија, меѓутоа наведувајќи дека причина за тоа не е претходното пишување на The New York Times за тоа дека Саудиска Арабија го купила пешадинското вооружување во Хрватско кое завршило кај сириските бунтовници, и покрај ембаргото на ЕУ на оружјето за Сирија кое не важи за арапските земји но важи за Хрватска којашто набрзо и официјално ќе стане нејзина членка, наведувајќи дека тие написи ги изложиле на опасност војниците. Сите 97 хрватски војници коишто се наоѓаа во мировната мисија на ОН на Голанската висорамнина беа вратени во татковината на 18-ти март.
МакфаксСо помош на централната американската разузнавачка агенција CIA, арапските влади и Турција силно ја зголемиле воената

Пронајдете не на следниве мрежи: