Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, му се јавил на првиот човек на руското разузнавање Сергеј Наришкин по прекинатиот бунт во Русија минатата недела, за да го увери Кремљ дека САД не се вмешани, објавија во петокот весниците New York Times и Wall-Street Journal.
Телефонскиот разговор на Вилијам Барнс со Сергеј Наришкин, директорот на руската разузнавачка служба СВР, се случил оваа недела и бил контакт на највисоко ниво меѓу двете влади по обидот за државен удар, објави Wall-Street Journal.
За потсетување, водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, го шокираше светот со водењето на вооружениот бунт минатата недела, кој ненадејно го прекина кога неговите борци се приближија до Москва.
Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави во понеделникот дека краткото востание на руските платеници против Кремљ е дел од борбата во рускиот систем и дека САД и нивните сојузници не се вклучени.
Пронајдете не на следниве мрежи: