Циклонот “Ален“ пристигна во Македонија, локално можно невреме

Под влијание на циклонот “Ален“ врнежите од запад веќе започнаа и понатаму ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни со што количеството на наврнат воден талог ќе изнесува од 20 до 30 л/м2. Локално ќе има развој и на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места можни се поинтензивни атмосферски процеси проследени во форма на невреме со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и со појава на град. Врнежите ќе продолжат и утре кога повторно има услови за поинтензивни атмосферски процеси проследени со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.
Ќе дува јужен ветер кој повремено ќе биде засилен по интензитет на некои места. Утре навечер и во текот на ноќта кон вторник истиот ќе го промени правецот во северозападен и во северен со што од север ќе започне спуштање на значително постудена воздушна маса па така на планините врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег со што ќе има услови и за формирање на нова снежна покривка. Се уште слаби локални врнежи од дожд и снег на планините ќе има во вторник кога ќе дува засилен северен и северозападен ветер. Воедно, тоа ќе биде и најсвежиот ден со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени и истите ќе се значително под просекот за овој дел од годината. Особено студено ќе биде во среда наутро и тоа поради намалувањето на облачноста и поради понатамошниот продор на студен воздух од север. Наутро температурите на некои места ќе се спуштат под нулата со што и растат условите за појава на мраз, истите ќе се спуштат во интервалот од -3 до 5 степени додека пак на високите места и планини ќе биде уште постудено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.