Буквално целиот Балкански Полуостров е под влијание на моќниот циклон Кристијан, кој носи чести и интензивни врнежи од дожд. Обилни врнежи се очекуваат на северот од соседна Србија поточно во Војводина каде во следните часови се очекува да наврне количество на воден талог и тоа над 30 л/м2, исто така многу дожд ќе падне и во делови од Босна и Хрватска а поради падот на температурите на воздухот на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка, а сето ова ќе биде проследено и со силен и олуен ветер и тоа особено долж Јадранот каде се очекува ударите на бурата да достугнат брзина од над 70 км/час а локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со грмежи.
Во Македонија се до крајот на оваа како и на почетокот од следната недела моќниот Кристијан ќе влијае на времето кај нас и ќе условува многу нестабилно време со чести врнежи кој локално ќе бидат поинтензивни, проследени со грмежи и засилен ветер а локално можни се и поинтензивни процеси со услови за ретка појава на град додека пак температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање па така на највисоките планини има услови и за врнежи од снег.
Локано во следните денови повторно се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).