Циклон се движи кон Македонија, викендов ќе има голема промена на времето

Во текот на утрешниот ден во државава ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.
Потоа во петок ќе имаме претежно суво време, но ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.
Голема промена на времето и тоа под влијание на циклонска активност ќе има од сабота, кога ќе биде облачно со врнежи од дожд, ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Се очекува локална појава на нестабилност, проследена со грмежи. Максималните дневни температури во сабота ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.