Циметот, најдобриот сојузник во топење на мастите

Циметот е еден од најпопуларните и најароматичните зачини, неговите делотворни својства се многубројни, а едно од нив е што е одличен сојузник во топењето на мастите со што на најбрз начин ќе го загубите вишокот на килограми. Малку наросен цимет во храната која ја јадете, млекото кое го пиете или во чајот и кафето, се доволни за забрзување и регулирање на метаболизмот, а со тоа и за полесно губење на килограмите. Сепак, доколку сте веќе на диета, не заборавајте на вашиот сојузник – циметот, најмалку три пати во текот на денот.
Наутро
Денот задолжително започнете го со цимет. Утринскиот чај ќе биде уште повкусен ако во него додадете малку цимет, а истовремено од него ќе направите средство за слабеење. На еден шолја чај доволно е да додадете по една лажичка цимет и мед (вкупно околу 40 калории). Циметот и медот се одлични сојузници во борбата против килограмите.
Може да подготвите и чај од 2 ловорови листови во кој ќе додадете цимет и засладувач, одлично делуваат како тандем за согорување на мастите.
Меѓуоброк
Како меѓуоброк консумирајте сок од 2 исцедени јаболка со 1 лажичка цимет. Може да ги замените и сок од 1 исцеден лимон или цитрон со 1 лажичка цимет. Уште подобро ќе биде ако направите смути од сите овие овошки (1 лимон, 1 јаболко и 1/2 цитрон зачинето со лажичка цимет).
Попладневен меѓуоброк
Во попладневните часови циметот комбинирајте го со ѓумбир. Циметот и ѓумбирот се уште една совршена комбинација за топење на масните наслаги. Всушност, овие две состојки станаа синоним за природни средства за слабеење. Повторно додадете мед (2 лажички), 1 лажичка цимет и 1/2 лажичка ѓумбир. Измешајте ги со вода и така испијте ги, или консумирајте ги како намаз за парче тост.
Навечер
Пред спиење испијте чаша млака вода со цимет, мед и ѓумбир.
Освен што ќе ги изгубите несаканите килограми комбинацијата од мед и цимет ќе ви ги намали болките во коските, шеќерот во крвта, холестеролот, а одлична е и како лек за артритис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.