Во вторник, 2 април земјава ќе ја посети грчкиот премиер, Алексис Ципрас. Како што е предвидено премиерите и делегациите на двете земји ќе имаат билатерални средби, а потоа ќе одржат меѓувладина седница. По средбите и седницата ќе следи заедничка прес-конференција на премиерите во Владата.
Освен ова на агендата е и средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а за крајот на посетата планирано е премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да го отворат Бизнис форумот кој ќе се одржи во хотелот “Александар Палас“.