Ципрас и официјално ја објави дипломатската победа!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и официјално објави дека со договорот од Псаридис или Нивици, неговата земја извојува победа.
На официјалната интернет страна на грчкиот премиер Ципрас стои објава со наслов „Договорот од Преспа е голема дипломатска победа и голема историска можност“.
-Преспанскиот договор, кој предвидува преименување на ФИРОМ во Република Северна Македонија на нашиот јазик, како што се изговара, во Република Северна Македонија, го отстранува иредентизмот што го содржеше нивното уставно име, пишува на веб страната на грчкиот премиер Ципрас.


Во истата објава се наведува дека 140-те земји кои денес „ги признаваат нашите соседи како Македонија сега ќе ги признаат како Република Северна Македонија, бидејќи ова име ќе биде ерга омнес – за севкупна употреба, во странство и дома“.
-За првпат се предвидува дека нашите северни соседи немаат и во иднина не можат да тврдат каква било поврзаност со античката грчка култура на Македонија, се вели во објавата на официјалната интернет страна на Ципрас.


Во истиот се додава дека „договорот, исто така, предвидува дека државјанството кое ќе биде вклучено во патните документи на нашите соседи нема да биде чисто Македонско, како што е денес, туку: Македонско/граѓанин на Северна Македонија“ и се посочува дека Грција ќе го признае државјанството како “граѓани на Северна Македонија”.


-Преспанскиот договор е голема дипломатска победа, но и голема историска можност. Грчката влада во целост ги бранеше сите свои црвени линии, сите црвени линии и нашата национална позиција, како што беше случај во последните 20 години. Ние ги обезбедивме, главните грчкитврдења, кои не се однесуваат само на нашето национално минато, туку и на сегашноста и наиднината. Силна Грција, светилник на цивилизацијата, историјата и вредностите, грчки столб на стабилноста на Балканот, Источен Медитеран, Европа, се заклучува во објавата на официјалната интернет страна на грчкиот премиер Циpпрас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.