На „Делфи економски форум“ Алексис Ципрас најави дека наскоро ќе стане првиот грчки премиер што остварил официјална посета на Македонија. Во своето обраќање тој истакна дека „желбата за дијалог и за мирна коегзистенција преовладеа на двете страни“ и дека „Атина и Скопје покажаа политичка волја за победа над национализмот“.
Грчкиот премиер ги нападна противниците на договорот со кој соседот се преименува во Северна Македонија, велејќи дека „тие се обидуваа да го овековечат ќорсокакот наспроти политичката експедитивност“.
“Преспански договор е ремек-дело“, рече Ципрас. „Ние избравме да застанеме на вистинската страна од историјата, без оглед на политичкиот трошок и ризик“.