Премиерот Христијан Мицкоски одби подетално да ја коментира ситуацијата од вчерашната посета во Тетово, кога на министерката за образование и наука Весна Јаневска ѝ беше поставено прашање за преведувач.
Мицкоски истакна дека не сака да дава значење на, како што рече, вакви ситуации, оценувајќи дека некои постапки не заслужуваат јавен коментар.
– Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Подобро да премолчите отколку да влезете во таа естрада – изјави премиерот.



