Циркус Медрано: Сиљановска го помилува, а МВР пред малку го уапси за обид за убиство Чаир – уапсен Акиф Равмановски!

Инфомакс ексклузивно дознава дека пред малку е уапсен Акиф Равмановски шеф на групата на Барон.

Уште истата вечер кога Сиљановска го помилувал Равмановски, Инфомакс објави дека истиот е осомничен за пукањето во Чаир.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници од Министерството за внатрешни работи денеска непосредно по излегувањето од КПУ „Идризово“, практично на излез од затворот во Скопје лишија од слобода лице на кое со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија извршувањето на изречената казна затвор му беше заменето со условна осуда, бидејќи за истото лице е поведена истрага за ново кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Инфомакс претходно објави дека помилуваниот Равмановски иако бил во затвор бил учесник во пукањето на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир.

Имено во престрелка помеѓу две криминални групи повредено беше едно лице кое со брза помош беше пренесено на клиниките.

Пукањето се случило на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во близина на Општина Чаир. Според информации на Инфомакс престрелката се случила помеѓу кланот од Дуќанџик и кланот Барон. Повредениот е близок на убиениот Јетон Кривањева попознат под прекарот Жила припадник на кланот Дуќанџик.

Од МВР велат дека лицето кое го помилува претседателката Гордана Сиљановска Давкова е осомничен за кривично дело „убиство”, предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ на РСМ“.

„Денеска (24.10.2024) во Скопје полициски службеници од СВР Скопје, го лишија од слобода А.Р. (29) од с.Арачиново во врска со кривично правен настан случен на 14.10.2024 на територија на Чаир, каде што од огнено оружје бил повреден Е.А. (35) од Скопје. По преземени мерки и активности и изготвените вештачења од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека сторител е А.Р. и од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска (24.10.2024) поднесена е кривична пријава по брза постапка против А.Р. за кривично дело „убиство”, предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ на РСМ“, велат од МВР.

Најголемата трагедија можеби во целиот случај е што Акиф Равмановски е осомничен дека учествувал во обид за убиство додека отслужувал казна затвор во Идризово.

Пронајдете не на следниве мрежи: