Стефанос Циципас ќе игра против Карен Хачанов во првото полуфинале на Австралија опен, откако грчкиот тенисер во три сета го победиЈиржи Лехечка со 6-3, 7-6, 6-4 и за него ова е четврто полуфинале во последните пет години.
Циципас одигра извонреден меч во четвртфиналето, посебно на свој сервис, а после убедливиот прв сет, во мини-брејк во тајбрејкот исчекори кон победата, за во последниот сет Лехечка да не искористи три брејк шанси на 3-3 и тука Чехот се скрши за конечна победа.
Гркот после 2019, 2021 и 2022 година, четвртипат да дојде до полуфинале во Мелбурн.