Карантинот поради пандемијата од новиот коронавирус му паѓа тешко на грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Во видео што го постави на Јутјуб каналот, наведува како го поминува денот и зошто не е со семејството.
– Што правам во карантин? Читам книга. Се обидувам да се образувам, но и да одржам форма. Сепак, имам чувство дека добивам на тежина и тоа навистина се случува. За некои работи не расудувам нормално, како да губам разум. Наредните неколку недели ќе бидат пресудни за мене, порача Циципас кој последниот меч на АТП турот го одигра против Новак Ѓоковиќ на 29 февруари.
Со семејството не е поради, како што рече, недоразбирање.
– Се осамив. Такви работи се случуваат кога сте долго во изолација. Почнувате да разговарате со предмети и да губите здрав разум. Ако се прашувате зошто не сум со семејството, тоа е поради кавгата, пред неколку дена и едноставно се разидовме. Сè уште ги сакам и понекогаш сакам да ги видам, но секогаш е стресно да се биде со нив. Затоа решив да бидам сам, потенцира Циципас.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.