Владата е стабилна силна и успешна – ова е заклучокот на Централниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ. На состоанокот на владејачката партија се дискутирало за актуелната политичка ситуација во државата и подготовките за претстојните избори. Од партијата најавија голема и убедлива победа на локалните избори. На седницата констатирано е дека Владата успешно ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и економската катастрофа што беше наследена од претходната власт. Во тек се и испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО ДПМНЕ во пресрет на локалните избори кои треба да се случат во октомври најавија од партијата.
„Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој. Општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа. Истакнав дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите превземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани“ вели претседателот на ВМО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.