Црвена вода за слабеење и детоксикација од 5 состојки: Ги топи мастите и го чисти организмот, а се подготвува брзо

Доколку сакате да ослабнете и да си направите пролетен детокс на телото, тогаш овој напиток ќе ве воодушеви.

Одамна е познато дека ѓумбирот и циметот имаат благотворно дејство на човековиот организам, а со доаѓањето на пролетните денови многу од жените се активираат сакајќи да ослабнат или едноставно да си направат детоксикација на организмот.
Доколку и вие сакате да го отстраните салото од стомакот тогаш направете го овој здрав напиток и консумирајте го секој ден. Вклучете малку физичка активност, внимавајте што јадете и сигурно ќе имате резултати.
Циметот одамна е познат како средство кое има благотворно дејство на човековиот организам. Многумина го користат за олеснување на тегоби при артритис, болки во желудникот, грчеви, кожни болести, менструални тегоби, нервна напнатост, дијабетес и импотенција.

Тој е најдобриот извор на железо, манган, цинк, бакар, калциум. Научно е докажано дека само половина лажичка цимет во текот на денот кај дијабетичарите многу го намалува нивото на инсулин во крвта. Циметот ја зголемува температурата на телото и на тој начин ги топи масните наслаги. Скоро да нема намирници кои содржат толку антиоксиданти како циметот.
Лимонот е познат како одличен во процесот на чистење на организмот од токсини. Освен тоа тој ни помага да го зајакнеме имуниот систем. Освен витамин Ц, во него има и витамин Б6, Е, фолна киселина, калциум, железо, магнезиум, цинк, фосфор…
Освен тоа тој има и хидрокситат, важна материја која спречува таложење на масти. Дури и кората од лимон е здрава и во неа се наоѓа поликосанол, еден вид шеќер кој помага во согорување на масти.
Ѓумбирот помага да ги намалите воспаленијата, апетитот и го стимулира варењето на храна. За слабеење, ѓумбирот се користи во комбинација со други состојки како што се циметот и лимонот.

Како се прави популарната црвена вода:

  • сок од 1 лимон;
  • 700 милилитри вода;
  • 1 ѓумбир;
  • стапче цимет;
  • 1 ќесичка мелена, слатка пиперка.

Подготовка:
Измијте го лимонот, па исцедете го. Кората исечете ја и ставете ја во тенџере, додадете рендан ѓумбир, стапче цимет и вода. Варете додека не почне да врие, па додадете ја слатката пиперка и сокот од лимон. Добро помешајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.